Тоше Зафиров и сопругата Габриела фит и мускулести уживаат на плажа во Мексико
- Детали
- среда, 09 април 2025
Тоше Зафиров (47) роден е во Тимјаник, село во општина Неготино, а започнал со бодибилдинг на 17 години. Тој и неговата сопруга се еден од најфит паровите во Македонија.

Бодибилдерот Тоше Зафиров со неговата сопруга Габриела, која исто така е бодибилдерка, се на патување во Мексико.
Парот ужива на плажа во Канкун, а оттаму објавија низа фотографии на социјалните мрежи.

Изгледаат навистина фит и мускулесто и очигледно минуваат незаборави мигови таму.

Инаку, Тоше Зафиров (47) роден е во Тимјаник, село во општина Неготино, а започнал со бодибилдинг на 17 години.

Во текот на кариерата, освоил бројни награди и признанија, вклучувајќи пласман во првите пет на аматерскиот шампионат Мистер Олимпија во Букурешт, Романија, во 2022 година.
Тоше е првиот Македонец кој потпишал договор со брендот „Mr. Olympia – official olympia gear“, станувајќи нивен прв официјален бренд амбасадор во Европа.

Тој долги години е во брак со Габриела, која исто така е професионална бодибилдерка, и заедно имаат две деца - ќерката Ангела и синот Блаже.

Во 2017 година Тоше ја објави својата биографска книга „Патот кон врвот“.
Уште неколку фотографии од Тоше и Габриела во Мексико:


