Бомбакис со слатко видео откри дека чека второ дете – семејството му е најголемо богатство

Во 2023 се ожени и го доби првото дете, а сега го чека и второто – со слатко видео со неговите раце и дланките на сопругата и ќеркичката, ја открија ехо снимката и напиша 3 + 1 = 4. Пред 2 години тој отворено зборуваше за борбата со рак на тестиси и призна дека му олеснало кога дознал дека може да биде татко. 

dechkoto-so-kartonite-bombakis-so-slatko-video-otkri-deka-cheka-vtoro-dete-semejstvoto-mu-e-najgolemo-bogatstvo-01.jpg

Кристијан Станковски - Бомбакис, или Бомба, за себе вели дека се занимава со многу работи и не може да најде адекватен збор за да опише што е по професија, но за македонската јавност е најпознат како „дечкото со картоните“ кој секогаш знае да ви го разубави денот или да ве замисли со неговите пораки.

На својот Инстаграм профил тој објави слатко видео, на кое со сопругата Вики и ќеркичката Бисера ги држат дланките едни врз други, а на крај откриваат ехо снимка од второто дете кое го очекуваат.

Во описот на видеото тој напиша: 3 + 1 = 4.

Кликнете за да го погледнете видеото:

И покрај тоа што Бомбакис минал низ тешки моменти во изминатите години, сепак коцките изгледа му се наредија и ужива со своето најголемо богатство – семејството, кое сега ќе се прошири за уште еден член.

Во 2023 тој се ожени со неговата сакана, а на свадбата носеше уникатен стајлинг, препознатлив за него.

Во декември истата година, парот ја доби првата ќеркичка Бисера, која наскоро ќе стане голема сестричка.

Во ноември 2023, во месецот на машкото здравје, тој отворено зборуваше за борбата со ракот на тестисите за да ја поткрене свеста.

Во интервју за CRNOBELO.com, тој призна дека многу му олеснало кога дознал дека сепак ќе може да има деца, а денес тој го очекува своето второ дете.

Бомбакис за CRNOBELO.com: „На 28 години добив дијагноза за рак на тестиси, ми олесна кога дознав дека ќе можам да имам деца“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругата на Андреј од ДНК објави емотивен спомен од него со ќеркичката - тој вели: „Мавни ѝ со рака... Наталија на Инстаграм Стори прво сподели емотивно видео со инсерти од кобната но...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Сопругата на Андреј ДНК со болно сеќавање: „Не сакав да влезам да го препознаам, им кажав не знам да... „Ги замолив да не ме форсираат... Препознавањето го изврши најдобриот другар на ...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава