Брајан Адамс доби рачно насликана јакна од нашиот дизајнер Сатја Грабулоски: „Ја правевме 180 часа“

„Реакцијата на Брајан беше искрена, со огромна насмевка и едно долго WOOOOW. Очекуваме да ја носи на некој следен настап“ - вели за CRNOBELO.com, Сатја Грабулоски, кој со неговиот тим изработи јакна со ликот на популарниот пејач и му ја подарија викендов на неговиот концерт во Скопје.

brajan-adams-dobi-rachno-naslikana-jakna-od-nashiot-dizajner-satja-grabuloski-ja-pravevme-180-chasa-01.jpg

Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски, кој во светот е познат по уникатните и оригинални патики кои со својот тим ги изработува за некои од најпознатите спортисти и музичари, овој пат направи нешто сосема поинакво.

Сатја и SWithaDot изработија јакна за канадскиот музичар Брајан Адамс.

brajan-adams-dobi-rachno-naslikana-jakna-od-nashiot-dizajner-satja-grabuloski-ja-pravevme-180-chasa-04.jpg

На јакната, која е направена од вегански материјали, целиот тим работел околу 180 часа. Освен ликот на славниот пејач, испишан е и насловот на неговиот најнов сингл.

Јакната на Адамс му ја предаде Бобан Милошоски од „Авалон продукција“, откако тој го заврши својот концерт во Скопје.

brajan-adams-dobi-rachno-naslikana-jakna-od-nashiot-dizajner-satja-grabuloski-ja-pravevme-180-chasa-10.jpg

За CRNOBELO.com, Сатја откри детали за реакцијата на Брајан Адамс, но и за инспирацијата и процесот на креирање на уникатната јакна:

„Јакната е рачно составена од потврдени вегански материјали, бидејќи Адамс е познат по тоа што е веган.

Целиот процес на составување, а потоа и на сликање, зеде приближно 180 часа рачна работа на нашиот тим артисти.

brajan-adams-dobi-rachno-naslikana-jakna-od-nashiot-dizajner-satja-grabuloski-ja-pravevme-180-chasa-05.jpg

Темата на дизајнот е неговиот последен сингл Roll Up the Punches, а идејата да изработиме јакна за Адамс потекна од мојата мајка, која ја обожава неговата музика.

Инаку, ние веќе 6 години за секој истакнат уметник кој ќе ја посети Македонија подготвуваме Welcome to Macedonia рачно сликан подарок.

brajan-adams-dobi-rachno-naslikana-jakna-od-nashiot-dizajner-satja-grabuloski-ja-pravevme-180-chasa-06.jpg

Идејата е да му покажеме дека земјата во која доаѓа го цени, но и да го рашириме талентот на македонските уметници низ светот.

Таков беше и случајот со Брајан, чија реакција беше искрена, со огромна насмевка и едно долго WOOOOW. Очекуваме да ја носи на некој од неговите следни настапи“.

brajan-adams-dobi-rachno-naslikana-jakna-od-nashiot-dizajner-satja-grabuloski-ja-pravevme-180-chasa-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Антониа Гиговска: „Психички бев лошо по породувањето - имав притисок во глава дека не сум добра мајк... „Поминував низ стварно тежок период, добивав безброј коментари дека кариерата се...
Нашиот фотограф BadStef во Кина на -30°С: „За 4 минути ми смрзнаа трепките“ „Ги извадив очилата за сонце само на 4 минути и трепките и веѓите веднаш ми смрз...
Перо Камиказа доживеа незгода со велосипед на кеј: „Добив потрес на мозок, 4 конци на глава, нагмече... „Завршив препрчен на асвалтот, со лице према Бога. Имено возејќи велосипед во мо...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...

Најчитани неделава