Димитар Атанасовски по 15 години си замина од Сити радио: „Секоја приказна има крај“
- Детали
- петок, 02 мај 2025
„Скоро цел ден правам пиши бриши на описов, ама многу емоции собрани во 15 години работа, дружба, успеси, падови, прават да ти е тешко да срочиш сè во неколку реченици“ - напиша Димитар во пораката со која „се одјави“ од радиото.
По цели 15 години поминати во „Сити радио“, време кога скоро секојдневно се дружеше со радио-слушателите од целава земја, Димитар Атанасовски „се одјави“.
Тој на 30 април последен пат ја водеше својата емисија „Кажи да во 2“, а освен последното „чао“ на радио, тој објави и фотки на Инстаграм, со кои се потсети на интересни и значајни моменти од својата кариера во радиото.
Димитар сподели 15 фотки, како синоним за секоја една година помината во радиото, и емотивна порака за збогум.
„Скоро цел ден правам пиши бриши на описов, ама многу емоции собрани во 15 години работа, дружба, успеси, падови, прават да ти е тешко да срочиш сè во неколку реченици.
Моето прво работно место (со стаж), место во кое толку многу научив за водителството, за однос, за животот, за она што сум јас денес.
Но, секоја приказна има почеток и крај. Па така и оваа. После 15 години ‘Кажи да во 2’ време е за нови предизвици.
Од срце сум благодарен на сите колеги и колешки со кои работевме во цел овој период, на диџеј Боби што остана цело време верно куче со мене во сите предизвици што ги имавме и на целиот менаџмент на Сити радио, на кој му посакувам високи рејтинзи и само успеси.
До некое следно слушање, Димитар се одјавува“ - напиша во пораката.
Оваа одлука на Димитар ги изненади неговите слушатели, но и пријателите, па тие му посакаа среќа, но и му порачаа дека ќе фали во етерот.
Игор Стефановски Иџе му напиша дека е најдобриот водител, а Роберт Билбилов се пошегува дека сега треба да „фати виолина, бидејќи таму се парите“.
Погледнете ги фотографиите:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





