Голманот Столе Димитриевски и девојката модно усогласени додека патуваат низ Шпанија (фото)
- Детали
- петок, 02 мај 2025
Столе и неговата девојка се заедно околу една година - тие често патуваат низ Европа и САД и споделуваат фотки од заедничките патувања.
Голманот на нашата фудбалска репрезентација и на ФК „Валенсија“ уште еднаш покажа дека е еден од македонските мажи со најдобар стил.
Столе на Инстаграм објави фотографии направени во април и сподели моменти поминати на фудбалскиот терен со неговиот клуб, но и со репрезентацијата.
Сепак, она што привлече поголемо внимание се фотографиите на Столе и неговата девојка Ирина Јанкуловска.
Парот е во љубовна врска околу една година и тие често патуваат заедно низ Европа или во Америка.
Овој пат, тие посетија неколку места низ Шпанија, од каде што голманот и објави фотки.
Столе и Ирина се модно усогласени - иако со лежерен, сепак со впечатлив стил.
Тие беа и на трибините на тенискиот турнир во Мадрид, па за таа пригода голманот носеше црни панталони со бело палто, со што го потврди епитетот на маж со одличен стил.
Ирина, пак, на истиот настан беше облечена во бел џемпер со сини и црни линии и бели панталони.
Погледнете ги фотографиите:
Прочитајте и Македонци со впечатлив стил: Голманот Столе Димитриевски е спортска модна икона (фото)
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





