Даниел Кајмакоски 'рчи додека ја чува ќерка си - сопругата го снима и се шегува
- Детали
- четврток, 08 мај 2025
„Како Даниел Кајмакоски чува деца... Инаку, има и звучни ефекти, но не сакате да ги чуете“, се пошегува Марина на сметка на Даниел кој спие и ‘рчи, додека ќерката Емилија си игра покрај него.
Даниел Кајмакоски, покрај синот, со сопругата Марина, во ноември 2024 година доби и ќерка на која ѝ го дадоа името Емилија.
Синот Стефан, пак, се роди на почетокот на 2023-та година.
Даниел постојано истакнува колку е важен за него семејниот живот и колку ужива во улогата на сопруг и татко.
За неговата сакана Марина, често вели дека таа е неговиот херој.
Тој е ангажиран околу домашните обврски и чувањето на децата.
Но, деновиве кога во една пригода уморот го стигнал додека ја чува малата Емилија, тој заспал, а сопругата се пошегува на негова сметка и го објави на Инстаграм Стори, кое и тој си го сподели.
„Како Даниел Кајмакоски чува деца... Инаку, има и звучни ефекти, но не сакате да ги чуете“, се пошегува Марина на сметка на Даниел кој спие и ‘рчи.
Повеќе семејни фотографии:
Прочитајте и „Овде се вљубив во тебе“ - Сопругата на Даниел Кајмакоски со романтични фотки за годишнината од брак
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





