Зои Блаж: „Пред 6 години доктор ми кажа - со твојата болест не можеш да бидеш мајка, но Бог ми даде ќерка“
- Детали
- петок, 16 мај 2025
„Пред повеќе од 6 години ми беше срушен најголемиот сон - а тоа е да станам мајка. Знаете колку е тешко да се живее со таа мисла, но сега фала ти Боже за овој дар. Ти ветувам дека ќе го чувам како капка на дланка“, вели Зои Блаж, која објави и кадри од болницата во Германија, каде се породи. Чуда навистина се случуваат!
Инфлуенсерката Зои Блаж, Зорица Матијашич од Скопје, доби ќерка со словенечкиот ракометар Тадеј.
Парот живее во Германија, а Зои откри дека нејзината малечка е дома и дека со сопругот ѝ го дале името Мариа.
Но, тоа што за неа денес е најголема среќа долги години ѝ изгледало како недостижен сон, поради здравствена дијагноза со која се соочила.
Инаку, во една пригода Зои искрено проговори за туморот на хипофизата и на дисбалансот со хормоните.
Нејзината емотивна објава гласи:
„Секогаш желбата и искреното молење успеваат. Пред повеќе од 6 години ми беше срушен најголемиот сон - а тоа е да станам мајка.
Знаете колку е тешко да се живее со таа мисла, кога доктор ве гледа во очи и ви вели: „Со твојата болест не можеш да бидеш мајка.“
АМА НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖАВ од мојот сон. Знаев дека ќе успееме и дека сме заедно посилни.
Бог е тој што одредува кој што ќе има и што заслужува.
Фала ти Боже за овој дар. Ти ветувам дека ќе го чувам овој дар како мала капка на дланка.
Емоциите ми се помешани. Некогаш ќе ви раскажам подетално за оваа тема.
И ви благодарам на искрените честитки и зборови“.
Кликнете на видеото со емотивни мигови од бременоста:
Прочитајте и Емотивна исповед на Македонка: „Имам тумор на хипофизата, тоа е причината за акните на моето лице“
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





