Емотивна исповед на Македонка: „Имам тумор на хипофизата, тоа е причината за акните на моето лице“

„На почетокот мислев дека светот ми се сруши и не сакав да живеам. Но, помина сето тоа и јас сум повторно со крената глава“ - вели македонската инфлуенсерка Зои Блаж во емотивната приказна за сопствената повеќегодишна борба со акните на лицето, предизвикани од здравствен проблем.

makedonka-za-liceto-so-akni-imam-tumor-na-hipofiza-koj-predizvikuva-hormonalen-disbalans-i-akni-01.jpg

Зои Блаж и Нина Ред се едни од познатите личности во Македонија што јавно говорат и се обидуваат да ги нормализираат проблемите со акните на лицето.

Тие двете во видео во живо на Инстаграм заедно проговорија за проблемите со коишто се соочуваат, со цел да им покажат на останатите дека не се сами, но и да ја споделат својата приказна.

View this post on Instagram

A post shared by Zoi Blaz Official Matijasic (@zoi.blaz)

Нашата шминкерка и пејачка Зои Блаж, без грам шминка, застана пред камерата и отворено говореше за нејзината 4-годишна борба и потрагата за решение за проблемот со којшто се соочува. Како што вели, кај неа проблемот се јавил преку ноќ.

„Јас буквално си легнав со чисто лице, а се разбудив со катастрофа лице. Лице коешто имаше многу акни и болка. Акни коишто беа цистични и коишто не изгледаа вака како што изгледаат денес. На почетокот и психички паднав и многу лошо се чувствував и добивав многу лоши коментари“ – вака Зои ја започнува својата приказна.

Таа вели дека по појавата на проблемот почнала да истражува многу, да оди на многу прегледи, па дури и се обидувала да си помогне со сè што некој ќе ѝ го препорачал.

„Кај мене беше проблемот тоа што јас по година и пол дознав дека имам хормонален дисбаланс, кај мене се појави проблемот со пролактин. Пролактин за некој што не знае што е, е млеко во гради, што се јавува кај мајки доилки, а јас не бев во таа состојба. Второто беше проблем со тироидната жлезда, што можеби до некаде е наследно“ – појаснува таа.

По подолг период со неправилна терапија, Зои вели дека се откажала од сè: терапија, третмани, испитувања, а состојбата со лицето кај неа почнала уште повеќе почна да се влошува.

„Во тој момент ми беше најтешко затоа што немаше нешто што немав пробано“ – вели таа.

Изворот на проблемот, како што посочува таа, го нашла многу подоцна, кога, откако претходно почувствувала јазол во градите - направила испитувања. Било откриено дека поради проблемот со пролактинот има бениген тумор на градата што треба да се следи.

Дополнително, направила и магнетна резонанца на главата и било утврдено дека има тумор на хипофиза, која е задолжена за регулирање на хормоните и поради што се јавува целиот дисбаланс на хормоните.

„Самиот тумор на хипофиза не е толку страшен и луѓето можат да живеат со него, но мора да се следи. На почетокот мислев дека светот ми се сруши и не сакав да живеам. Но, помина сето тоа и јас сум повторно со крената глава“ – вели таа и додава дека планира да го продолжи лекувањето кога ќе се врати во Германија.

Зои својата приказна ја раскажа со цел да ја поткрене свеста кај јавноста дека нештата не треба да се земаат секогаш „здраво за готово“, како наследни или нормални, туку дека понекогаш да се направат испитувања за да се открие од каде потекнува проблемот.

Нашата водителка Нина Ред пак, вели дека 10 години и таа се бори со проблемот со акните, но ѝ било мошне тешко да се препушти во нечии раце, односно да даде доверба некому за да ѝ помогне со проблемот.

Во периодот на карантинот за првпат се обидела со терапија, што всушност уште повеќе ѝ ја влошила состојбата. Се обидела и со посебна диета, со отстранување млеко и млечни производи, но и тоа не ѝ помогнало премногу.

„Лошо е тоа што можеби не се слушаме самите себеси кога ни кажува самото тело: ’Ова не ти одговара и научи ја лекцијата еднаш засекогаш‘. Дали е тоа нешто надворешно што аплицираме, или нешто внатрешно што внесуваме како храна или трето, хормони“ – вели таа.

Зои и Нина се едни од ретките македонски јавни личности што отворено говорат за проблемите со акните. Тие во минатото објавија сопствени фотографии на кои покажаа како навистина изгледа нивното лице без шминка.

Видеото во кое тие двете јавно говореа со проблемите со акните можете да го проследите во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg