Момент што наежи и трогна на шоуто на К-15: Андреј од ДНК во старо клипче на К-15 предизвика громогласен аплауз (видео)
- Детали
- понеделник, 19 мај 2025
Од момент на молк до момент на громогласен аплауз, едноставно салата дишеше во еден здив кога ликот на Андреј се појави на видео бимот на шоуто на К-15 за кое долго ќе се зборува.
Вчера (18.05) во арената „Борис Трајковски“ се случи третото шоу на легендарните К-15.
Публиката со громогласен аплауз ги поздрави Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо Бубо Каров на третото шоу по повод 30 години К-15.
Од смеење до солзи и мигови на ежење... Само тие го можат тоа!
Еден од најемотивните мигови на концертот дефинитивно беше кога на видео бим се емитуваа стари клипови од К-15, од кои на еден се појави Андреј од ДНК, нивен близок пријател, соработник и нашата непреболена музичка ѕвезда, која за жал, прерано згасна.
Тоа беше миг кој ме наежи и трогна, и тоа не само мене, туку и целата сала.
Од момент на молк до момент на громогласен аплауз, едноставно салата дишеше во еден здив.
И Марија Прличкова Нешовска беше една од присутните на настанот, а таа мигот со Андреј го овековечи со видео, кое го сподели со CRNOBELO.com.
Марија за настанот вели:
„Еден куп импресии од вчерашната вечер.
Си отидовме дома со полни срца и насмевки до уши. Се почувствував толку посебно да ги гледам во живо најдобрите К-15.
Синоќешниот концерт на К-15 беше неверојатен, кај сите се почувствува колку на сите ни фалеле нивните скечеви сето ова време.
Но, во исто време беше и толку емотивно кога се појави скечот со Андреј, што ми се насолзија очите и ми требаше малку време да се стабилизирам.
Всушност, аплуазот од публиката говори сам по себе, колку чувствата беа измешани кај секој од нас… И после толку време, сме без зборови… само тишина и аплауз“.
Погледнете го видеото што ежи:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





