Браво! Ирис е прваче кое е прогласено за најредовен читател во библиотеката во нејзиното училиште во Скопје
- Детали
- петок, 23 мај 2025
„Кога ѝ падна првото млечно запче и ја прашав што сака да ѝ купам, таа ми одговори: ‘Сакам да одиме во книжарница и да си одберам книга’. Тогаш знаев дека нејзината врска со книгите ќе биде нешто посебно“, вели мајката на Ирис за CRNOBELO.com.
Ирис Васоска од Скопје е мала, инспиративна дама.
Иако, таа е само прво одделение, веќе е огромна вљубеничка во книгите, а во нејзиното училиште „Григор Прличев“ ја прогласија за најредовен читател во училишната библиотека за годинава.
фото: Фејсбук
Оваа учебна година, Ирис Васоска од Скопје го завршува првото одделение, а со него и едно посебно читателско патување, кое го започна уште многу пред училишниот живот, вели нејзината мајка Криси за CRNOBELO.com.
Нејзината мајка за CRNOBELO.com вели:
„Ирис од најмала возраст покажа љубопитност кон буквите - ја фасцинираше како се пишуваат, ги составуваше зборовите и набргу почна самостојно да чита.
Никогаш не сме ја притискале да чита - сè дојде од неа, природно и со искрена љубов.
Се сеќавам на моментот кога ѝ падна првото млечно запче и ја прашав што сака да ѝ купам во чест на тоа, а таа ми одговори: „Сакам да одиме во книжарница и да си одберам книга“.
Тогаш знаев дека нејзината врска со книгите ќе биде нешто посебно.
Верувам дека децата учат од тоа што го гледаат секојдневно. Јас како нејзина мајка сум страстен читател, и таа често знае да ми рече со насмевка: „Еве мама повторно се занесе во книгата...“
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





