Браво! Ирис е прваче кое е прогласено за најредовен читател во библиотеката во нејзиното училиште во Скопје
Во текот на учебната година, Ирис стана редовен посетител на училишната библиотека, од каде позајмуваше книги прилагодени на нејзината возраст, меѓу кои и „Хајди“, и ги читаше со голема љубопитност.
За таа нејзина истрајност, ја доби пофалницата за најредовен читател, за што сум искрено благодарна, бидејќи ваквите признанија ги охрабруваат децата да продолжат да го откриваат светот преку страниците на книгите.
Јас, како родител, секој ден ја гледам нејзината радост кога отвора нова книга, нејзината љубов кон знаењето и истражувањето.
Ова признание е не само нејзина заслуга, туку и потсетник за сите нас колку е важно да ги поттикнуваме децата да читаат, да сонуваат и да учат
Таа исто така тренира одбојка веќе две години и обожава да патува“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





