Ведрана Ѓорѓевиќ го истражува Рим со мајка ѝ и сопругот: „Важно е да сме заедно и да создаваме спомени“
- Детали
- среда, 28 мај 2025
„Ова патување не беше само разгледување убавини - беше потсетник колку е важно да бидеме заедно, да се смееме, да создадеме спомени што ќе останат засекогаш“ - напиша Ведрана, која помина прекрасни мигови со својата мајка и со сопругот.
Семејството секогаш треба да е на прво место, а тоа го покажа и поранешната водителка Ведрана Ѓорѓевиќ, која е на патување со мајка ѝ и со сопругот, продуцентот и диџеј Ендру Мелер (чие вистинско име е Андрија Антиќ).
Тие се во вечниот град Рим и уживаат во секој момент поминат заедно.
Го посетија Ватикан и се фотографираа пред базиликата Св. Петар, беа на туристичка тура со автобус, го видоа колосеумот, фонтаната Треви и сите убави места кои ги привлекуваат посетителите кон овој град.
Ведрана реши да сподели и дел од моментите поминати во Рим со своите следбеници на Инстаграм.
На фотките и видеата што ги објави, таа напиша:
„Во брзината на секојдневието, најголемата вредност ја има времето поминато со оние што ги сакаме.
Ова патување во Рим не беше само разгледување убавини - беше потсетник колку е важно да бидеме заедно, да се смееме, да создадеме спомени што ќе останат засекогаш.
Затоа учам да не земам ништо здраво за готово, да бидам присутна, благодарна и целосно во секој миг што ни го подарува животот заедно. За моите најсакани луѓенца на планетава“.
Погледнете повеќе фотографии:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





