Ивона Јо ужива на море, по операцијата за отстранување на вишокот кожа, со пријателката Тамара Волческа (фото)
- Детали
- петок, 06 јуни 2025
„После сѐ - останува она на кое што си внимавал дури времето тече. За некои нови почетоци. За нова енергија и храбри одлуки“ - напиша таа и од таверна на плажа „наздрави“ со своите следбеници.
Пејачката Ивона Јо изминатиов период се посвети повеќе на себе, на своето физичко и ментално здравје, направи операција за отстранување на вишокот кожа од телото, се хранеше духовно, читаше и се тргна од музиката на кратко.
Неодамна таа сепак се врати на музиката и сними нова песна и спот, а најави и настапи во живо по неколкумесечна пауза.
Но, пред да го направи сето тоа и да се посвети на кариерата, таа замина на краток одмор со својата пријателка, пејачката Тамара Волческа.
Ивона на Инстаграм сподели неколку фотографии и видеа, па рече дека се одмора пред да најави големи проекти.
„После сѐ - останува она на кое што си внимавал дури времето тече. За некои нови почетоци. За нова енергија и храбри одлуки“ - напиша таа и од таверна на плажа „наздрави“ со своите следбеници.
На сето ова додаде и дека „местото каде што се наоѓа е одлично за повторно да се роди“, но и дека ѝ треба море.
Погледнете ги фотографиите:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





