Приказната за Ози: Слепо напуштено куче од Скопје си пронајде топол дом во Швајцарија (фото)

„Го донесоа кај нас, целиот во тутки, извалкан и слеп. Нешто чудно имаше во тоа куче, некоја неверојатна благодарност, некоја чудна енергија, нешто што само ние кои работиме со нив го чувствуваме“, ја започнува за CRNOBELO.com, тажната приказна со среќен крај, Оља Тошева, негувател во ЈП Лајка. Денес Ози живее среќно со македонско семејство во Швајцарија.

prikaznata-za-ozi-slepo-napushteno-kuche-od-skopje-si-pronajde-topol-dom-vo-shvajcarija-foto-01.jpg

Оља Тошева работи како негувател во ЈП Лајка, а љубовта и посветеноста кон животните го дефинира нејзиниот живот.

Таа за CRNOBELO.com ја споделува приказната за Ози, кученце кое пронајде среќен дом и е една од многуте вакви приказни од кои Оља била дел.

Приказната за Ози, Оља ја споделува за CRNOBELO.com:

„Ози е кутре за кое имав можност да се грижам кратко време, но и тоа време за мене е една цела лавина од емоции.

Го пронашла нашата директорка во центарот на градот. Лутал и се удирал по ѕидови и предмети, паѓал, станувал и пак продолжувал.

Го донесоа кај нас, целиот во тутки, извалкан и слеп.

prikaznata-za-ozi-slepo-napushteno-kuche-od-skopje-si-pronajde-topol-dom-vo-shvajcarija-foto-04.jpeg

Нешто чудно имаше во тоа куче, некоја неверојатна благодарност, некоја чудна енергија, нешто што само ние кои работиме со нив ја чувствуваме.

Можам само да кажам дека  треба да имаш нешто посебно во себе за оваа работа, едноставно работите ти се случуваат со причина.

Го сместивме во еден од боксовите во стационарот. Знаев дека ме чувствува кога влегувам, мавташе со опавчето ама не стануваше.

Не знаеше во кој дел од боксот сум.

Седев секој ден со него, се гушкавме и молчевме. Дури ниеднаш не му го чув гласот да залае.

prikaznata-za-ozi-slepo-napushteno-kuche-od-skopje-si-pronajde-topol-dom-vo-shvajcarija-foto-02.jpeg

Од секогаш сум се прашувала зошто не умеат да зборуваат и да кажат како се нашле на улица.

Исфрлени, оставени сами на себе и заборавени. Слепи, глуви, повредени со искршеници, гладни, жедни и препуштени сами на себе.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...

Најчитани неделава