Приказната за Ози: Слепо напуштено куче од Скопје си пронајде топол дом во Швајцарија (фото)

Ниедно куче само не никнува на улица, некој свесно го оставил таму или едноставно му „поминала модата“ во некое семејство.

Никогаш и не ја разбрав суровоста на човекот, да знаеш дека е слепо, дека нема да може само да се снајде и уште посурово и посвесно да го истуркаш во рацете на суровиот надворешен свет.

Ози беше возрасно куче, ако не се лажам скоро па една деценија… Зарем трпението за него толку ли било при крај?

Среќа на испитувањата се покажа дека сè е во ред со неговото здравје, освен неговиот хендикеп заради кој и завршил на улица.

Стационарот Лајка нема посебни медицински можности за ваков тип на кучиња, па неговата понатамошна нега ја презема Здружението за заштита на животи Анима Мунди.

Се водеше постојана потрага за негов нов дом, каде достојно ќе си ја доживее својата старост.

prikaznata-za-ozi-slepo-napushteno-kuche-od-skopje-si-pronajde-topol-dom-vo-shvajcarija-foto-03.jpeg

Сè уште тука кај нас луѓето имаат предрасуди за ваков тип на кучиња и нивна понатамошна грижа.

Кога дознав дека некое македонско семејство кое живее и работи во Швајцарија биле заинтересирани да го вдомат, летав од среќа – сепак, постојат и добри луѓе.

Започнавме долга борба, но испишавме среќна приказна.

Нашиот јунак сега има топол дом и семејство кое безусловно го сака и прифати со неговите бледи и слепи очиња.

Очиња кои беа огледало на едно среќно вдомување, многу, многу болка, но и неизмерна радост.

Заслужи среќа јунаку наш!“

Прочитајте и Приказната за Локумче - од повредено, улично куче во македонско село до живот во топол дом во Германија (фото)

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...

Најчитани неделава