Приказната за Ози: Слепо напуштено куче од Скопје си пронајде топол дом во Швајцарија (фото)
- Детали
- четврток, 05 јуни 2025
„Го донесоа кај нас, целиот во тутки, извалкан и слеп. Нешто чудно имаше во тоа куче, некоја неверојатна благодарност, некоја чудна енергија, нешто што само ние кои работиме со нив го чувствуваме“, ја започнува за CRNOBELO.com, тажната приказна со среќен крај, Оља Тошева, негувател во ЈП Лајка. Денес Ози живее среќно со македонско семејство во Швајцарија.
Оља Тошева работи како негувател во ЈП Лајка, а љубовта и посветеноста кон животните го дефинира нејзиниот живот.
Таа за CRNOBELO.com ја споделува приказната за Ози, кученце кое пронајде среќен дом и е една од многуте вакви приказни од кои Оља била дел.
Приказната за Ози, Оља ја споделува за CRNOBELO.com:
„Ози е кутре за кое имав можност да се грижам кратко време, но и тоа време за мене е една цела лавина од емоции.
Го пронашла нашата директорка во центарот на градот. Лутал и се удирал по ѕидови и предмети, паѓал, станувал и пак продолжувал.
Го донесоа кај нас, целиот во тутки, извалкан и слеп.
Нешто чудно имаше во тоа куче, некоја неверојатна благодарност, некоја чудна енергија, нешто што само ние кои работиме со нив ја чувствуваме.
Можам само да кажам дека треба да имаш нешто посебно во себе за оваа работа, едноставно работите ти се случуваат со причина.
Го сместивме во еден од боксовите во стационарот. Знаев дека ме чувствува кога влегувам, мавташе со опавчето ама не стануваше.
Не знаеше во кој дел од боксот сум.
Седев секој ден со него, се гушкавме и молчевме. Дури ниеднаш не му го чув гласот да залае.
Од секогаш сум се прашувала зошто не умеат да зборуваат и да кажат како се нашле на улица.
Исфрлени, оставени сами на себе и заборавени. Слепи, глуви, повредени со искршеници, гладни, жедни и препуштени сами на себе.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





