Вики Чадиковска: „Секоја година за мојот роденден си правам Павлова торта - традиција наследена од мајка ми“
- Детали
- вторник, 10 јуни 2025
„Мајка ми ги правеше највкусните торти, а за мојот роденден секогаш - Павлова. Таа торта не беше само десерт, беше симбол на денот, на детството, на љубовта што мајка ми несебично ми ја даваше и затоа јас ја продолжив традицијата“, вели новинарката Вики Чадиковска која денес (10.06) го слави својот роденден, повторно со Павлова.

Новинарката Вики Чадиковска денес (10.06) го слави својот 52-ри роденден, заедно со децата кој го одбележуваат последниот ден од училиштето.
Вели дека како мала овој ден секогаш поради тоа ѝ бил двојна радост.
Таа има традиција за секој свој роденден да си прави Павлова торта, а ние ја запрашавме од каде оваа идеја.

Вики за CRNOBELO.com вели:
„Кога бев дете, 10 јуни беше најубавиот ден за сите деца. А за мене – вистински двоен празник.
Тогаш завршуваше учебната година, а со мојот роденден започнуваше летниот распуст.
Слободата почнуваше свечено, со парче торта.

Мајка ми ги правеше највкусните торти.
За празници – Васина. За роденденот на сестра ми во декември – Реформ. А за мојот роденден – секогаш Павлова.

Таа торта не беше само десерт...
Беше симбол на денот, на детството, на љубовта што мајка ми несебично ја внесуваше во секој празник.

Се восхитував на нејзината вештина и креативност.
Секоја торта што ја правеше изгледаше како уметничко дело, со вкус кој го паметам засекогаш.
Нејзиниот начин на славење беше магичен и тоа не во големите гестови, туку во вниманието, деталите и љубовта што ја вложуваше.

Годините минаа, но традицијата продолжи.
Денес, јас сум таа што прави торта.
