Сопругата на Миро Кацаров е згодна трудница - Блеска на море покрај ќеркичката и водителот
- Детали
- понеделник, 16 јуни 2025
„Кога го сакаш тоа што го имаш, имаш сè што ти треба“ - напиша Миро Кацаров и објави фотка со бремената сопруга.

Ивана, сопругата на Миро Кацаров е во втората половина на бременоста и го очекува своето второ дете, инаку, прво со познатиот водител.
Семејството е на летување во Грција, а Ивана блеска покрај сопругот и ќеркичката Миа, која ја има од првиот брак.
Таа на Инстаграм сподели фотки на кои се гледа нејзиното трудничко стомаче под долгиот бело-сив фустан, кој ја исцртува линијата на телото.
Косата ја врзала во плетенка, а изгледот го дополнила со цели обетки во вид на цвет и бели рамни папучи.

Ивана, која е поранешна одбојкарка, изгледа одлично и делува како да не качила ниту еден килограм во бременоста.
Семејна фотка од летувањето сподели и Миро, со емотивна порака.
„Кога го сакаш тоа што го имаш, имаш сè што ти треба“ - напиша тој.

На летувањето со нив се и родителите на Миро, а водителот на Инстаграм Стори објави и нивна фотка.
„Цело е кога има сè“ - стои во објавата на Миро.

Погледнете повеќе фотографии:





Прочитајте и Миро Кацаров ќе стане татко, сопругата Ивана бремена со нивното прво дете: „3 години пробувавме да станеме родители“
А. Ј. | Црнобело