Емра Куртишова на одмор во Германија - насмеана покрај сопругот и ќерката, пловат по Боденското Езеро
- Детали
- среда, 18 јуни 2025
Неколку дена по крајот на театарската сезона, Емра, заедно со сопругот и ќерката Лена, замина на патување во јужниот дел од Германија.

Актерскиот пар, Емра Куртишова и Петар Стојанов, неодамна завршија со работните обврски во Театарот за деца и младинци, каде што се и двајцата вработени.

Неколку дена по крајот на театарската сезона, заедно со ќерката Лена, тие заминаа на патување во јужниот дел од Германија.

Емра сподели неколку семејни фотки со сопругот и ќерката и откри дека го посетиле градот Констанс, кој се наоѓа на Боденското езеро.

Тие пловат со брод по езерото, а Лена, која наскоро ќе наполни 2 години, од раце не ја испушта својата кукла, но ужива со родителите.

Прочитајте и Емра Куртишова за љубовта со сопругот Петар: „Ме запроси на мојот роденден, доцневме на сопствената свадба“
А. Ј. | Црнобело