„Цело време лежиш! Каква мајка си?!“ - Ведран (2), детето со маслинките, со ново хит видео

Со сериозен израз на лицето, малиот Ведран од Скопје ја прашува мајка си: „Сакаш да бидам тажен и да не ти зборам? Имаш ти син?“ - и со своите коментари повторно измами насмевки.

celo-vreme-lezhish-kakva-majka-si-vedran-2-deteto-so-maslinkite-so-novo-hit-vid-001.jpg

Ведран од Скопје има 2 години и 11 месеци, а неговите изјави се толку искрени и забавни, што нема да можете да останете рамнодушни и да не се насмеете од срце.

Јавноста првпат дозна за Ведран неодамна, кога во видеото во кое од својата мајка бара 22 маслинки, стана вистински вирален хит.

Сега, ова слатко момче се кара со мајка си и смислува различни аргументи за да ја натера да му купи големи играчки Paw Patrol, зашто вели дека е незадоволен што добил мали Paw Patrol играчки.

Со сериозен израз на лицето, тој ја прашува: „Сакаш да бидам тажен и да не ти зборам? Имаш ти син?“

„Дали имам син? Да. Зошто?“ - е одговорот од мајка му.

celo-vreme-lezhish-kakva-majka-si-vedran-2-deteto-so-maslinkite-so-novo-hit-vid-02.jpg

„Како зошто? Цело време лежиш! Зошто не ми купуваш Paw Patrol?“ - додава тој, па на прашањето „Кои не сум ти ги купила?“ вели: „Големите!“

Мајката му објаснува дека му ги купила малите, но тој се буни дека „не е веќе малечок за мали играчки, туку голем“ и се нуди тој да ѝ даде пари.

„Мама, ич да не ми се секираш. Добро мајка?“ - вели Ведран.

Но, завршува со уште едно прашање: „Каква мајка си ти?“

celo-vreme-lezhish-kakva-majka-si-vedran-2-deteto-so-maslinkite-so-novo-hit-vid-01.jpg

Видеото за еден ден има 26.000 прегледи.

Инаку, видеата на Ведран најчесто ги снима неговата тетка Ана, која ги објавува на својот профил на Инстаграм.

Таа претходно за CRNOBELO.com кажа дека почнала да го снима својот внук спонтано, за да ги зачува смешните и слатки моменти поврзани со Ведран.

„Со тек на време сфатив дека тие видеа навистина им носат радост и на другите.

Почнав да го снимам од кога беше многу мал, ама редовно почнав да објавувам содржини дури неодамна“ - ни кажаа Ана.

Кликнете и погледнете го новото хит видео на Ведран:

Прочитајте е Хит видео: По Петар со грашокот, во Македонија стана хит детенце што бара маслинки од мајка си

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Ана, наша стјуардеса во Дубаи, за CRNOBELO: „На 20 минути од мојот дом има американска база, куќата ... „Кога се случи првиот ракетен напад бев дома, само што слетав назад од Цирих. Ко...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg