Перо Антиќ и Сања со синовите во Анталија - пливаат со делфини, се пуштаат по тобогани (фото)
- Детали
- петок, 20 јуни 2025
Откако во јуни 2024 година беа со синовите на одмор во Анталија, Сања Ристиќ и Перо Антиќ повторно се на истото место, со истата „екипа“, но со нови идеи за забава.

Првиот човек на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ, и неговата девојка, Сања Ристиќ, се на заеднички одмор во Анталија, Турција.
Со нив се и нивните деца од првите бракови - двата сина на Сања и два од тројцата синови на Перо.

Па, откако лани посетија аквариум со ајкули, годинава си исполнија нова желба - да пливаат со делфини.
На своите профили и Сања и Перо споделија неколку фотографии и покажаа како уживаат.

Сепак, Сања вели дека, колку и да ѝ било убаво, има измешани чувства, зашто пливала со делфините кои се затворени во мал простор, а не во море.
„Какви измешани емоции, Боже! Прво да кажам, децата пресреќни, зајдени од возбуда, остварен сон...
Прекрасно искуство е да пливаш со твојот омилен цицач, буквално омилен, питом, мил, забавен, весел...

Е сега, ако може да бидам комплетно искрена... Многу ми беше жал кога доживеав како се затворени на мала површина која не ја создала природата за нив, некако тажно.
Се надевам дека таму се родени и дека не се тажни, барем не личеа... Сите им пружаа љубов и внимание.
Како што кажав, измешани емоции...“ - напиша таа.
Претходно тие беа и во аквапарк, па се спуштаа по тобогани и се забавуваа во базени.

Погледнете повеќе фотографии:





