Пејачката Благица Ѕунзуровска запросена на мото собир во Скопје – партнерот ја довезе на мотоцикл (видео)

Пејачката Благица Ѕунзуровска не ја крие возбудата и објави видео од своето запросување - партнерот со мотоцикл ја довезе на мото-собир во Скопје, каде ги дочекаа балони со натпис „Marry me“, а потоа таа му кажува ДА на саканиот кој клекна на колено. 

pejachkata-blagica-dzundzurovska-zaprosena-na-moto-sobir-vo-skopje-partnerot-ja-doveze-na-motocikl-baloni-so-natpis-video-01.jpg

На мото собир во општина Бутел, освен што се славеше љубовта кон мотоциклите, се славеше и љубовта на Благица Ѕунзуровска и нејзиниот партнер Гордан Трајков.

Пејачката на својот Инстаграм профил објави видео од запросувањето кое се случи пред големата толпа на настанот. 

pejachkata-blagica-dzundzurovska-zaprosena-na-moto-sobir-vo-skopje-partnerot-ja-doveze-na-motocikl-baloni-so-natpis-video-02.jpg

На видеото, таа се вози на мотоцикл со нејзиниот партнер, а кога пристигнуваат, ги дочекуваат балони на кои пишува „Marry me“ (Ожени се за мене).

Уште при пристигнувањето, кога ги здогледува балоните, Благица е во неверување, а потоа, со насмевка на лицето му кажува „ДА“ на Гордан, кој клекна на колено за да ѝ предложи брак со прстен.

pejachkata-blagica-dzundzurovska-zaprosena-na-moto-sobir-vo-skopje-partnerot-ja-doveze-na-motocikl-baloni-so-natpis-video-03.jpg

Погледнете го видеото:

Инаку, Благица е победничка на една од сезоните на музичкото натпреварување „Неки нови клинци“, а се прослави и со учеството во „Ѕвездите на Гранд“. 

Таа исто како партнерот, е вљубеник во мотоциклите, па често знае да објави по некоја фотографија на која позира во моторџиска јакна. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава