„И во лошо и во добро“ - Катарина Ивановска објави романтични и семејни фотки за роденденот на партнерот Стефан
- Детали
- среда, 25 јуни 2025
Со досега необјавени фотки, на кои е клекната пред него, но и фотографија на која, освен нејзините, се и децата од првиот брак на Стефан, Катарина му честиташе роденден на својот партнер.

Топ-моделот Катарина Ивановска на својот Инстаграм профил објави десетина фотографии со кои му го честита роденденот на својот партнер, Стефан Ханџиски.

Дел од нив и претходно ги споделила во јавноста, но дел од нив се нови, а се одраз на нивната љубов и секојдневие.

На фотките Катарина и Стефан позираат со нејзините и неговите деца, на едната Стефан спие во авион, парот ужива на зимување и додека се капат во море, но тука е и фотката на која Катарина е клекната на колено пред него.
„И во лошо и во добро“, напиша таа во пораката, на која има и неколку емотикони од роденденска торта.

А. Ј. | Црнобело