Синот на Миа Костова наполни 13 години: „Тој е мојата најдобра животна одлука“
- Детали
- понеделник, 30 јуни 2025
„Тој си дојде како ѕвезда без прашање, а денес е моето небо и одговор на секое прашање. Неговото мама е моето постоење“ - Миа со емотивна порака му го честиташе роденденот на синот.

Андрија, синот на инфлуенсерката и поранешна водителка, Миа Костова, наполни 13 години.
Тој е сега тинејџер, а бидејќи се на летување во камп во Грција, таму го прослави и роденденот - со торта, пријатели на мајка си и другарчиња од кампот.

Миа, на својот Инстаграм сподели фотка со синот, пред да ги дувне свеќичките на роденденската торта.
„Сум имала простор за многу одлуки во животот. Тој е мојата најдобра животна одлука.
Тој си дојде како ѕвезда без прашање, а денес е моето небо и одговор на секое прашање. Неговото мама е моето постоење.
Те сакам сине! Биди само ваков, здрав и жив, мама има една магична метла да чисти се пред тебе и зад тебе. Засекогаш“ - напиша таа.

Во свој стил, Миа направи и видео за да го одбележи роденденот на Андрија.
Таа прво позира сама, со коментар „Му кажав дека имам син и ме праша дали е 3-годишен“.

Во тој момент, Миа го повикува Андрија, кој со своите 13 години е веќе половина глава повисок од неа, па се прегрнуваат и смеат.
„Брзо растат, нели?“ - стои во коментарот.

Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
