„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maкедонка со носталгична објава
- Детали
- вторник, 01 јули 2025
„Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. Се потсетуваш на сите детски распусти таму, во двор мириса на чиста и испрана облека, пиеш природен сок од вишни...“, пишува Марија Стојковски и предизвикува носталгија за едни минати, убави времиња.

Марија Стојковски е дигитален креатор со речиси 9.000 следбеници на Инстаграм со кои сега сподели објава за Скопје која ќе ве допре до срце.
Таа открива колку го обожава Скопје во лето кога е празно и какви топли емоции ѝ буди секоја посета на нејзините баба и дедо.
Кој ја имал среќата да расте со баба и дедо, знае какво богатство е тоа, зарем не?

Нејзината објава со тон емоции:
„Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости.
Се потсетуваш на сите детски распусти таму, во двор мириса на чиста и испрана облека, една нота на омекнувач што само кај баба мириса така, до машината ќе е...
Масата и столчињата се тие, белите пластични.
Баба ти спрема сок од вишни во дворот, ти трчаш наоколу и пазиш да не ги искршиш шишињата.
Малку работи се поубави од празно Скопје.
Дедо ми ги набра првите смокви.
Мекици за појадок само кај баба.
Природен сок од вишни.
Лето 2025“
Потоа, сподели и фотографии од гоблен, поглед кон Водно, дедо на велосипед, билијард, парк, домат и сирење...
Ви буди емоции, зарем не?






