Млади математичари од Македонија се вратија со неколку медали од натпреварот „Математика без граници“ во Бугарија
- Детали
- четврток, 03 јули 2025
Повеќе од 1200 ученици од 13 држави (Македонија,Азербејџан, Бугарија, Естонија, Казахстан, Киргистан, Малта, Романија, Србија, Турција, Узбекистан, Украина и Филипините) учествуваа во финале на Меѓународниот натпревар „Математика без граници’’ во Несебар –Бугарија во СОУ „Љубен Каравелов“ Несебар.
На натпреварот зедоа учество и нашите млади математичари под водство на координаторот на тимот наставничката Анкица Спасова. Нашите ученици се враќаат од Несебар со 5 сребрени медали, 5 бронзени медали, 1 бронзен куп и 1 ѕвезда.
Ученици кои учествуваа на натпреварот:
Јана Спасова, ООУ „Мирче Ацев“ од Скопје,
Анамарија Дафчева, Михаил Лалевски, Андреа Кулевска од ООУ „Тихомир Милошевски“ – Скопје,
Македон Димитровски Nova International School – Тетово
Ања Поповска Тетово – „Лирија“
Тодор Тодоров Гевгелија – „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија