Тиктокерот Александар Динев трогнат, со солзи во очите, споделува какви убави зборови добил од фан: „Ти ме научи македонски“
- Детали
- четврток, 10 јули 2025
„Здраво, јас сум Марија и сакам да ти кажам фала ти за твоите видеа. Да не беа твоите видеа, немаше да научам македонски јазик. Јас сум родена и живеам во Америка и родителите работеа и немаа време да ме научат“, му напишала следбеничка на Александар Динев.

Александар Динев од Валандово е тиктокер, кој интензивно објавува видео содржини и на нeговиот Инстаграм профил.
Тој со солзи во очите го сподели најголемиот комплимент кој го добил досега за својата работа.
Девојка, по потекло од Македонија по родителите, но родена во САД му пишала да му се заблагодари дека токму преку неговите видео содржини го научил македонскиот јазик.
Нејзината порака што Динев ја сподели на Инстаграм Стори гласи:
„Здраво, јас сум Марија и сум ти најголем фан.
Сакам да ти кажам фала ти за твоите видеа. Да не беа твоите видеа, немаше да научам македонски јазик.

Јас сум родена и живеам во Америка и повеќе го користам англискиот јазик.
Извини, ако мојот македонски не е баш најточен, сè уште учам течно да зборувам македонски.
Но, јас го учам од твоите видеа и почнувам да разбирам и да читам на македонски.

Моите родители беа доста зафатени, па немаа време да ми го пренесат и да ме научат да зборувам македонски јазик.
Уште еднаш, многу ти благодарам!“

Инаку, меѓу другите видеа, во една пригода Динев сними и видеo со какви негативни коментари се соочува на интернет:
С. С. | Црнобело