Скандал во Ѕвездите на Гранд: Вики Миљковиќ тврди дека македонски натпреварувач ја обвинил за барање мито - тој јавно ѝ се извини
Извинувањето на Александар Темелков, кое го сподели во видео на Фејсбук Стори:
„Добар ден мои фанови и медиуми од целиот Балкан.
Сакам да се огласам по повод случајот со мојата поранешна менторка Виолета Вики Миљковиќ.
Јас досега во мојата кариера не сум навредил никого, а најмалку би ѝ го направил тоа на мојата поранешна менторка.
Погрешно сум разбран во мојата констатација во едно мое интервју и затоа се извинувам на сите коишто погрешно го разбраа овој случај.
Значи никогаш не сум употребил погрдни зборови ниту кон Вики, ниту кон Гранд продукција, затоа што бев долго време дел од Гранд продукција и со среќа на сите кандидати што се сега во Гранд продукција.
Голем поздрав од срце.
Ваш Александар Темелков“.

Инаку, Александар Темелков учествуваше во две сезони во Ѕвездите на Гранд и тоа во 2014 и 2019 година.
Во 2014-та ментор му беше Јелена Карлеуша, која во една пригода го крена во раце, а потоа и тој го стори истото со неа, а фотографиите ги обиколија регионалните медиуми.
фото: Јутјуб скриншот
фото: Јутјуб скриншот
С. С. | Црнобело
