Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство од татко си: „Летото посебно го мразев“

„Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профили и скршените бедотии. „Ако, така му треба што ќутел“ - рекоа злобните кои од злоба живеат и само тоа љубат...“, открива Кирил Ангелов со што се соочил по обелоденувањето на вистината дека бил жртва на педофилија, а потоа и на семејно насилство.

39-godishen-mazh-od-veles-koj-bil-zhrtva-na-pedofil-no-i-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-od-tatko-si-letoto-posebno-go-mrazev-01.jpg

Кирил Ангелов е нашиот херој од реалноста од Велес, велам херој затоа што овој 39-годишен маж животот воопшто не го галел, па уште од најрана возраст бил жртва на педофил од својот роден град, а потоа и на семејно насилство од страна на неговиот татко.

Денес, за ова зборува искрено и јавно, сè уште со болка во душата, но и со желба да помогне на други жртви на педофилија и насилство да проговарат јавно и да се спасат од мракот кој ги тишти.

39-godishen-mazh-od-veles-koj-bil-zhrtva-na-pedofil-no-i-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-od-tatko-si-letoto-posebno-go-mrazev-04.jpg

Кирил за овие трауми проговори во неговата прва издадена книга „Безсловен“, а потоа издаде уште една книга насловена како „Исаак“.

Но, тој нѐ информираше дека покрај овие две дела, има напишано веќе 13 дела вкупно и дека тие чекаат некогаш да ја видат светлината на денот.

39-godishen-mazh-od-veles-koj-bil-zhrtva-na-pedofil-no-i-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-od-tatko-si-letoto-posebno-go-mrazev-02.jpg

Кога го прашавме зошто досега нема издадено уште книги ни го даде следниот одговор:

„Низ годините, борејќи се со траумите, јас се борев и со ниска самодоверба, сиромаштија, закрпување на туѓи животи и грешки.

Секој ден јас спас барав во книжевноста и творештвото и тоа мене ме смируваше и водеше напред.

Но, никогаш не помислував дека вреди да издадам нешто.

Никогаш не помислив дека впрочем ќе дојде тој ден. И на еден интересен начин, сакам, ако има можност, да издавам, за да го усреќам малиот Кирил кој толку многу се даваше во сите дела, кој толку многу бегаше и се криеше во книжевноста. Ова е за него“.

39-godishen-mazh-od-veles-koj-bil-zhrtva-na-pedofil-no-i-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-od-tatko-si-letoto-posebno-go-mrazev-06.jpg

Дел до неговата исповед преку извадок од необјавеното продолжение на неговата книга „Безсловен“:

„Оган.

Насекаде.

А треба да е само свештена и страшна стихија, архетип на божественото присуство и небесниот суд, пламен што го преобразува телото и душата низ јазиците на очистувањето.

Во светото предание, оганот е не согорувачки, туку осветлувачки и преобразувачки, небесна вистина што ги просветлува срцата и ја изгонува темнината.

Во поетска мисла, оганот ја испишува страста: забранета, горчлива, но возвишена, љубов што гори во утробата.

Оганот е судија и избавител, мачител и утешител, вечен симбол на тајната на промената – каде што се согорува сѐ земно, за да се роди сѐ божествено.

Но, не го гледам тоа кога ја гледам изгореницата на мојата лева рака, веднаш над дланката.

Се сеќавам на разјарениот дух на мојот татко кој реши едно лето од моето веќе изгорено детство, да ја изгори сувата трева во дворот пред куќата во Речани.

Контролираниот пожар неконтролирано почна да се шири. Почна да ја се обвива околу бандерата за струја.

И наместо помош да побара од некој друг, тој побара од мене и мојата мајка, од дете и болна жена.

Кофа по кофа, трчавме, гасневме, истуравме. Ја земав дури и онаа жолтата во која крвавев претходно, каде таму си се удавив првично. Нималку кротко, секогаш диво. А изгорен останав, не само по тело. А тој само се смееше.

Не сакав да пораснам толку брзо. Не сакав да бидам маж во детско тело, без детско тло под себе.

Само изгорена земја, изгорена трева. И изгорени раце.

На двете веќе едвај влакна ми растат од тој оган, уште еден дел откинат од мојата машкост, колку и да е мал, незначаен, смешен, беден. Украден ми е. Како и сѐ друго. Во лето. Исак требаше да биде жртвуван од Авраам само еднаш, но беше поштеден.

39-godishen-mazh-od-veles-koj-bil-zhrtva-na-pedofil-no-i-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-od-tatko-si-letoto-posebno-go-mrazev-05.jpg

А јас бев жртвуван секое лето, и ни еднаш не бев поштеден.

Летото посебно го мразев. Требаше да биде прибежиште од пеколот преку учебната година, а за мене беше само продолжение на болката само во друга пеколна болка - низ оганот, низ Сеништето.


Во лето се случија сите злоставувања.

Во лето моето детско тело како статуа голо, стоеше во разурнатата куќа и од траума не можеше да се помести, само стоеше, и чувствуваше, ѕидини околу себе создаваше.

Го чувствуваше Сеништето на себеси, неговиот јазик, неговите лиги, неговите раце околу кревкоста на детското тело.

Дали затоа насекаде оболувам? Дали затоа секој дел од телото ме боли? Дали затоа отсекаде крвавам?

Лузни, изгореници, белези, и само чекори по мене кои не ги знам, не се мои. Чии се?

Те молам кажи ми, за да знам барем сега кој по мене гази и на кого дозволувам да ме убива.

Сѐ околу мене смрди, мириса. Како да им објаснам, како да кажам?

39-godishen-mazh-od-veles-koj-bil-zhrtva-na-pedofil-no-i-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-od-tatko-si-letoto-posebno-go-mrazev-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg