Нашиот Никола победи во „Ѕвездите на Гранд“ - Пееше песна од ДНК за жртвите од Кочани, освои над 138.000 гласови
- Детали
- недела, 06 јули 2025
Никола Станишиќ, единствениот Македонец кој пееше во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, во своето Волково ќе се врати со победничкиот трофеј. Прва му честиташе неговата менторка Цеца, која го прегрнуваше и со него ја сподели радоста.

Македонецот Никола Станишиќ е победник во „Ѕвездите на Гранд“ 2025.

Тој ги освои симпатиите и на публиката и на жирито, кои го поддржуваа и фалеа во текот на целото натпреварување.

А вчеравечер, нивната поддршка беше огромна, и Никола победи во конкуренција на 20 финалисти, со вкупно 138.714 гласови.
Кликнете на видеото за да го погледнете моментот на прогласување на победникот:
Прва, победата му честита неговата менторка Цеца Ражнатовиќ, која од коло во коло, секојпат кога Никола ќе поминеше понатаму, излегуваше на сцената да го изгушка.

Па, така беше и овој пат - Цеца го прегрнуваше силно, а Никола не можеше да ги скрие емоциите.

Во текот на натпреварот, тој излезе трипати на сцената.

Па, откако првиот пат испеа сплет од три македонски народни песни, на второто претставување ја испеа „Ако утре ме нема“ од ДНК, во сеќавање на жртвите од пожарот во Кочани.

Финалето го заврши спектакуларно со „Бисер Балкански“.

За победата тој доби автомобил, а од сопругата на Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ, доби специјално признание со името на починатиот прв човек на „Гранд“.

Погледнете го видеото од настапот на Никола и песната „Ако утре ме нема“:
Прочитајте и Македонецот што ќе пее вечерва во финалето на Ѕвездите на Гранд за CRNOBELO: „Цеца многу ми помага“
А. Ј. | Црнобело