Марјан Стојановски, фитнес тренер: „Имав 8-часовна операција по која едвај одев, а по 3 месеци истрчав 10km“

„Од некој што бил физички активен цел живот, преку ноќ станав некој за којшто физичка активност беше пешачење од неколку метри“, ја започнува својата искрена исповед Марјан Стојановски од Прилеп.

marjan-stojanovski-fitnes-trener-so-fotografija-od-bolnica-lezhev-vo-krevet-bez-da-mozham-da-stanam-po-3-meseci-istrchav-10km-01.jpg

Марјан Стојаноски, од Прилеп, живее во Скопје и работи како фитнес тренер, а на Инстаграм e познат како @manecoach24.

Тој по професија е професор по спорт, а работи како фитнес тренер веќе 10 години и им помага на луѓето да станат подобра верзија од самите себе.

Вели дека неретко со својот позитивен став се труди пред сè да си помогне најмногу на самиот себе.

marjan-stojanovski-fitnes-trener-so-fotografija-od-bolnica-lezhev-vo-krevet-bez-da-mozham-da-stanam-po-3-meseci-istrchav-10km-03.jpg

Пред извесен период поради здравствена дијагноза тој имал сериозна, комплицирана и ризична операција, каде што постоел и ризик за трајни последици, но, за среќа, операцијата поминала добро, а сега Марјан споделува колку е горд на себе и на успешниот процес на закрепнување.

Марјан сподели фотографија од болница за време на операцијата и направи споредба каде бил, а каде е денес.

marjan-stojanovski-fitnes-trener-so-fotografija-od-bolnica-lezhev-vo-krevet-bez-da-mozham-da-stanam-po-3-meseci-istrchav-10km-04.jpg

Неговата објава:

„Пред точно 3 месеци, на 10 април, тргнав во едно патување, во кое што не знаев ни како изгледа, ни каде води... Но имав голема верба дека сè ќе биде најдобро.

Првата слика ја направив 2 часа после 8 часовна операција, за која никогаш не ни можев да замислам дека толку може да трае. Влегов во операциона сала, без грижа, без товар на себе, што би се рекло, како од мајка роден.

И Фала му на Бога, сè помина во најдобар ред

Лежев во кревет, без да можам да станам неколку денови, се движев бавно, едвај… Но кога и да ме прашаа „Како си? одговарав: „Никогаш подобро“.

Не дека не сум бил, туку фокусот и енергијата ми беа таму како што сакав да се чувствувам, а не на тоа како се чувствував тогаш.

Од некој што бил физички активен цел живот, преку ноќ станав некој за којшто физичка активност беше пешачење од неколку метри.

3 месеци после тоа, на денешен ден, истрчав 10 километри, како никогаш ништо да не се случило.

Со уште поголема желба за успех, со уште поголема волја за живот, спремен за сите убавини што ме чекаат.

Не е важно каде си сега, важно е каде сакаш да бидеш…

Од тоа каде си сега, до тоа каде сакаш да бидеш, те делат едноставни работи.

Со која позитивна мисла ќе се разбудиш?
Која мала навика ќе ја промениш?
Каква акција ќе преземеш?
Како сакаш да се чувствуваш?

И тоа не било кога, туку денес!“

marjan-stojanovski-fitnes-trener-so-fotografija-od-bolnica-lezhev-vo-krevet-bez-da-mozham-da-stanam-po-3-meseci-istrchav-10km-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Марјан Атанасов, наш астролог: „Многу често почнав да се соочувам со клиенти кои имаат рак“ „Ќе ми кажат исплашено „Имам рак“ и никогаш не го сфаќам тоа како дијагноза. Го ...
Ана Стојанова се огласи од болница во Грција: „Имав напад на слепо црево и ме задржаа“ „Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, ...
Антониа Гиговска и Марјан Петров на концерт на Лејди Гага во Милано: „Картите ги плативме 1.000€, на... „Беше многу блиску, се симна долу, но буквално за некои тројца-четворица луѓе не...
За Тања Стојановска времето застанало - со фотка стара 17 години покажа дека не старее „Ретро фотографија, 2009 година“, напиша Тања и доби комплименти дека е прекрасн...
Шминкерот Марјан Петров на луксуз во Сент Мориц: „Ручек е и 300€ по лице, тука е светскиот џет сет“ „Присуствував на поло настан кој има традиција од 1985 година, а се игра на смрз...

Најчитани неделава