„По 48 години брак, моите родители се венчаа во манастир во Македонија - ден кој нема да го заборавиме“
Додека гледав во неа, па во татко ми, како стојат таму со венчалните круни на главата, ми се измешаа емоциите - радост, тага, љубов, убаво околу срцето.
Се вртам по гостите, неколку блиски членови на фамилијата што можеа да дојдат (зашто повеќето не живеат во Македонија) - сите го имаа истиот израз, на блаженство и среќа.


„Дали ти Бранислав, ја земаш Цвета по своја волја? Дали си се ветил на друга?“ - прашува попот.
Слушнавме едно „да“, па едно „не“, потоа истото ја праша и мајка ми, и некако стигнавме до крајот на венчавката.


Прегрнување, насмевки, многу љубов насекаде, многу емоции...
Уште си ги средувам впечатоците, да бидам искрена. Ми текнува на некои детали, на некои скришни погледи меѓу нив двајцата, на нивната среќа.
И сега знам колку мајка ми била во право - тоа што со сестра ми, па и внука ми, бевме на нивната венчавка, ќе остане како огромно богатство за нас, едно сеќавање кое немаше да го имаме комплетно преку старите црнобели фотки, туку ќе ни остане како жива слика на сето она што го искусивме сите заедно - Цвета и Бранко со нивното потомство.


Повеќе фотографии во продолжение:






