Атанас Атанасовски со семејството ужива во Хамбург - совршени детски игралишта, луѓе танцуваат по улиците (фото)
- Детали
- петок, 25 јули 2025
По одморот во грчки камп, актерот со својата сопруга и децата замина на едно поавантуристичко патување, па од крстарење до истражување на улиците на Хамбург тие совршено ја доловија вибрацијата на овој град.

Патувањата им се страст на актерот Атанас Атанасовски и неговата сопруга Александра.
Парот, сега со двете деца, по одморот во грчки камп, одлучи да замине на прошетка во Германија.

Тие го посетија Хамбург, од каде Александра на својот профил сподели низа кадри.

Од одличните детски игралишта до луѓе кои танцуваат по улиците, таа ги покажа силните страни на овој германски град.


Хамбург е вториот најголем град во Германија (по Берлин) и се наоѓа во северниот дел на земјата, покрај реката Елба, која се влива во Северното Море. Има повеќе од 1.8 милиони жители, меѓу кои има и доста Македонци.


Кадри од Хамбург преку објективот на Александра:



