Блогерката Никица Ацева откри дека повторно е бремена - 1-годишната ќеркичка ја носи ехо-снимката (видео)
- Детали
- среда, 30 јули 2025
„Секогаш сакавме деца со мала разлика што заедно ќе пораснат и ќе си бидат поддршка еден на друг“, вели Никица Ацева Стојанов, која живее во Германија со сопругот и 1-годишната ќерка и сега на забавен начин откри дека повторно очекува бебенце.

Никица Ацева Стојанов (28) e дипломиран маркетинг-менаџер од Скопје и веќе речиси 7 години ја пишува својата Инстаграм приказна, во која опфаќа разни содржини меѓу кои, мода, семејство, патувања и многу други.

Нејзиниот сопруг Дамјан Стојанов (28) е дипломиран менаџер за односи со јавноста и меѓународен маркетинг менаџмент од Скопје, фотографијата му е прва љубов и хоби, со кое ја придружува сопругата во нејзината Инстаграм приказна.

Парoт веќе извесен период живее во Германија, претходната година се остварија во улога на родители на малата Луциа, го купија и својот прв заеднички семеен дом, а сега повторно очекуваат принова.
Убавата вест Никица ја објави на Инстаграм со видео на кое покрај вода на мовче е ставена ехо-снимката од бебето, а Луциа ја зема во раце и трча со неа.

Никица за CRNOBELO.com вели:
„Секако дека секој позитивен тест за бременост носи фактор на изненадување, колку и да планираш или посакуваш, никогаш не знаеш кога ќе ти се случи.
Но, секогаш сакавме деца со мала разлика што заедно ќе пораснат и ќе си бидат поддршка еден на друг.
Пресреќни сме што ни се случи баш сега, а можеби бебето и големата сестричка ќе слават заеднички роденден.
Полот се уште не го знаеме и сме многу нестрпливи да откриеме дали дада или бато ќе го надополни нашето семејство во целост“.




Кликнете на видеото:
Прочитајте и На гости кај Никица и Дамјан: Стан на Македонци во Хановер во кој сопствениците сè направиле сами (фото)
С. С. | Црнобело