Раскошната моминска забава на Јована од Свети Николе - со тема бисери и шампањ во вила во Охрид (фото)
Покрај тоа што темата беше нели бисери, од таму ми дојде на идеја дека може да имаме позадина за сликање во тој стил.
Сè беше во кремасто - бела нијанса.

Откако пристигнавме, таму останавме 4 часа, се капевме во базен и беше навистина магично да се седи и пие шампањ на такво зајдисонце и тој поглед кон Охридското езеро.

Сè беше онака смирено и забавно, дури и некои ситни грешки што се случија и непредвидени работи ги теравме во насока на забава.


За мене беше преубаво. Вечерта заминавме на забава и останавме во Охрид.

Наредниот ден девојките ми направија изненадување со возење со катамаран.


И иако имаше премногу бранови, за мене беше навистина незаборавно. Некако чувствував дека колку ми беше пријатно мене, исто толку им беше и нив.

Свадбата ќе биде во септември, речиси сè е подготвено, имаме само уште некои ситници што треба да ги средиме“.

