Убавица без грам шминка: Барбара Ракичевиќ блеска на плажа во Грција
- Детали
- четврток, 31 јули 2025
На фотографиите од одморот таа е сама, иако на една од нив сепак дискретно открива дека е во машко друштво. Таа веќе подолго време е во врска и иако не го открива идентитетот на партнерот, Барбара очигледно ужива и минува незаборавни мигови.

Барбара Ракичевиќ месец јули го искористи за уживање покрај море во Грција.
Таа објави низа фотографии оттаму, на кои блеска без грам шминка на себе.

Ќерката на некогашната водителка Мелита Ракичевиќ, која и самата ја видовме во улога на водителка на Бекстејџ, не открива во чие друштво е, но на претходните фотографии од Миконос позираше со маж до себе, а веќе извесен период е во среќна врска.

За ова лето на Барбара омилена ѝ е хит бојата – путер жолта.

Прочитајте и Барбара Ракичевиќ, Сандра Кирков: Македонките се вљубија во путер жолтата боја - хит за лето 2025
Повеќе фотографии од неа во летно издание:












С. С. | Црнобело