Пеце од Суперхикс за летувањето во Албанија - се шегува дека е патлиџан турист, восхитен е од новите патишта
Неговата објава за новите патишта гласи:
„Патлиџан турс презентинг:
До пред 2 години ако тргневте од Лежа (Шенѓин) кон Велипоја ќе моравте да направите цел лак преку патот за Скадар за да стигнете до Велипоја и ќе ви требаа час/час и половина.
Од неодамна планинава е пробиена и патот Shengjin/Velipoja е направен и се стигнува за 15-ина минути од Shengjin до Baks Rrjoll (фантастично место) или околу 25 минути до Велипоја.

Ќе скратите значително и ако тргнете од тука за Скадар и кон Црна Гора (страшен метеж има константно на главниот пат)
Направен е и патот Kune - Lezha.
Направени се и делниците кон Драч, Валона, Тирана (од Косово). Направен е и Дебар-Тирана.

Направена е и брдска обиколница над Валона.
Пробиена е Чика планината (Логара тунелот кон Јонскиот брег/Паласа, Дерми, Јал, Химаре...)

Остануваат уште неколку сообраќајни делници да се довршат низ Албанија и целата ќе биде поврзана и ќе се стасува секаде многу побргу“.







С. С. | Црнобело