Маја Кикириткова: „Поминавме од кај стариот базен во паркот Сарај - реновиран е, има и ресторанче“
- Детали
- петок, 08 август 2025
„Не знам дали знаевте дека стариот базен во Сарај паркот е реновиран и повторно отворен. Не влеговме внатре, бидејќи работи до 18 часот ама задолжително ќе го посетиме“, споделува Маја Кикириткова на Инстаграм.

Маја Кикириткова живее во семејна куќа во населбата Ѓорче Петров, а оттаму блиску ѝ е паркот во Сарај, кој е одлично уреден и неретко го посетува.
При една ваква прошетка таа забележала дека руинираниот стар базен во рамките на спортско-рекреативниот центар „Сарај“ е реновиран и отворен за посетители.
Вест која е позитивно изненадување за сите скопјани.
Маја Кикириткова напиша на својот Инстаграм профил:
„Не знам дали знаевте дека стариот базен во Сарај паркот е реновиран и повторно отворен.
Не влеговме внатре, бидејќи работи до 18 часот ама задолжително ќе го посетиме.
До базенот има направено и ресторан, каде го искористиле просторот покрај малиот базен“.

Со ставањето во функција на овој објект, ќе се врати сјајот на овој парк и спомените на жителите на Скопје.
Објектот, пред да биде реновиран, беше во толку лоша состојба што претставуваше опасност за животот и здравјето на посетителите на паркот затоа што имаше и отворени шахти и други отвори. Плус, служеше и како собиралиште за кучиња скитници.



Прочитајте и Во дворот на Маја Кикириткова: „Имаме дебела сенка од стар орев и лулашка, а допрва ќе го уредуваме просторот од 200m2“
С. С. | Црнобело