Катарина објави емотивна фотка со синот кога бил бебе - Македонките покажаа кој им ја донел титулата „мајка“
- Детали
- недела, 10 август 2025
Со фотографии од децата, кои ги споделија на Инстаграм Стори, многу Македонки се приклучија на светскиот Инстаграм предизвик на тема „Личноста која ми ја даде титулата мајка“.

Светскиот предизвик на Инстаграм, кој побара од жените да објават фотографии со децата и да покажат поради кого ја добиле титулата мајка, испирираше и многу мајки во Македонија, па тие деновиве споделуваат забавни и емотивни фотки од деецата.
На овој предизвик не останаа имуни ни жените кои се дел од јавниот живот кај нас.
Некои од овие фотки тие претходно не ги споделиле јавно, па на овој начин, им дадоа можност на следбениците да ѕирнат и во нивните приватни албуми.
Меѓу оние кои го прифатија предизвикот се и Катарина Ивановска, Антониа Гиговска, Кристина Арнаудова, и многу други.
Погледнете ги нивните фотографии:
Пејачката Тамара Тодевска

Инфлуенсерката Миа Костова

Топ-моделот Катарина Ивановска

Пејачката Антониа Гиговска

Пејачката и претседателка на здружението „Среќа“ Кристина Арнаудова

Инфлуенсерката Ангела Ѓоргиева

Инфлуенсерката Христина Младеновска

Инфлуенсерката Валерија Преспаноска

Поранешната одбојкарка Ивана Кацарова

Модната дизајнерка и инфлуенсерка Маја Кикириткова

А. Ј. | Црнобело