Каролина Гочева повторно на Доломити – го покажа фит телото, ужива во планинско сонце на базен
- Детали
- недела, 10 август 2025
Минатата година сподели романтични кадри под ѕвездено небо со сопругот на Доломити, а оваа година повторно ужива на истото место – се бања во базен со прекрасен поглед, ужива во планинското сонце и во грандиозната убавина со која е опкружена.

Каролина Гочева изгледа како да е вљубеник во планините, посебно во летниот период.
Освен што го користи летото за одмор и прошетки покрај море, таа сега ужива и во планинските убавини кои ги нуди Италија.
Пејачката објави низа фотки од Доломити, планински венец во североисточниот дел на Италија, каде беше и минатата година со сопругот Михаил Корубин.
На фотките се гледа како таа ужива во планинското сонце среде јули, се бања во базен со прекрасен поглед на неверојатна природа.

Каролина го покажа и фит телото во бикини, а откри и дека не пропушта шанса да вежба во теретана и додека одмара.

„Јули на планина“ - стои во описот на објавата.
Погледнете повеќе фотки:






М. М. | Црнобело