Кучето му го уништи креветот на Џамбазов, видеото ги насмеа фановите: „Уште жално те гледа - глумица“

„Ова ѝ е некаква одмазда, само да ми текне за што“, вели Игор Џамбазов, кој утрово објави ново видео од бељите на неговото куче Ферхунде.

ferhunde-mu-go-unishti-krevetot-na-djambazov-videoto-gi-nasmea-fanovite-ushte-zhalno-te-gleda-glumica-01.jpg

Игор Џамбазов веќе некое време живее во Дојран со своето куче Ферхунде, кое го вдоми откако го најде како шета само по улиците на градот.

Ферхунде за кратко стана дел од секојдневието на Игор, а тој постојано споделува видеа од неа и од времето поминато заедно.

ferhunde-mu-go-unishti-krevetot-na-djambazov-videoto-gi-nasmea-fanovite-ushte-zhalno-te-gleda-glumica-04.jpg

Па освен убавите моменти, Џамбазов понекогаш знае да открие дека Ферхунде му прави бељи дома, како на пример утрово, кога покажа како таа  му го изгризала и уништила креветот.

Додека Игор ја снима како ги грицка јажињата кои и се играчки, ја прашува што направила.

“Дали ти, Ферхунде, си ги прибра сите играчки на едно место? Како мало дете?

А оваа брука што ќе ја види сега цела Македонија? Оваа брука, те прашувам сега?!“ - вели актерот и шоумен.

ferhunde-mu-go-unishti-krevetot-na-djambazov-videoto-gi-nasmea-fanovite-ushte-zhalno-te-gleda-glumica-03.jpg

А, додека тој зборува, Ферхунде невино, само на секунда  погледнува во него, а потоа го трга погледот на страна.

Видеото ги насмеа следбениците на Џамбазов.

„Еее Ферхунде, Ферхунде. Мува не те лази. Ти важно си ги наостри забите цццц. Па уште и жално те гледа... глумица“,

„На Ферхунде ѝ е гајле. Игоре не купувај ништо ново веќе“, му коментираат под видеото.

ferhunde-mu-go-unishti-krevetot-na-djambazov-videoto-gi-nasmea-fanovite-ushte-zhalno-te-gleda-glumica-02.jpg

На ова, Џамбазов одговара: „Ова ѝ е некаква одмазда, само да ми текне за што, ха, ха“.

Кликнете за да го погледнете видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Игор Џамбазов: „Си ја проверував спермата додека бев со Илина, имам понуди од жени да ми родат дете“ „Мажот ми вели: „Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?“ Какова...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...

Најчитани неделава