Модно усогласена со ќерките, разменува нежности со сопругот - Љупка Митрова се вљуби во Венеција
- Детали
- петок, 22 август 2025
По неколкуте патувања на кои беше сама со сопругот Георги, овој пат Љупка ја посети Венеција заедно со него и двете ќерки од првиот брак.

Инфлуенсерката и сопственичка на модното студио Mitroff, Љупка Митрова, има навистина исполнето лето.
Во изминативе месеци таа се омажи, во Струмица организираше модна ревија на која ја претстави својата новата колекција, но и патуваше многу.
Таа посети неколку дестинации во Грција, беше во Монте Карло, на италијанскиот остров Капри, во Истанбул, а сега е повторно во Италија, односно во Венеција.
И за разлика од повеќето скорешни патување, каде што беше сама со сопругот, Љупка овој пат е во друштво и на ќерките Сандра и Елена.
Девојчињата се веќе пораснати, а нивниот стил на облекување е сличен на оној на мајка им.
Па така, еден ден Љупка носеше црн фустан со бели точки, а постарата Сандра беше облечена во ист таков фустан, но бел со црни точки.

Претходно, помалата Елена носеше фустан со лимони и цветчиња, а Љупка својот стајлинг го дополни со чанта и шешир со дезен на цреши.
Семејството се чини, ужива во патувањето, во храната, во прошетките низ градот со канали и во сето она што го нуди Венеција, а Љупка ужива и во моментите на нежност кои го дели со сопругот.

Таа сподели фотографии и видеа на својот Инстаграм, со порака „Се вљубив во Венеција“.
Погледнете повеќе фотографии:





