Охриѓани „нападнаа“ скопјанка што нарачала 3 ќебапчиња во ресторан, шеф на кујна од Скопје им даде професионален одговор
A, потоа Виктор напиша објава и на својот Фејсбук профил:
„Храна или услуга, што е поважно?
- Многумина ќе кажат 'Храната е најважна!'
Но, вистината е без добра услуга, и најдоброто јадење го губи вкусот.
- Можеш да имаш Мишелин ѕвезда во чинија, но ако гостинот се чувствува игнориран, понижен или неиспочитуван - џабе е сè.
- Услугата е уметност составена од детали, секој поглед, секоја насмевка, секој мал гест што кажува: „Тука сте важни”.
Пред еден месец имав ситуација која совршено го докажува тоа:
Имавме гостинка алергична на соја!
- За храната немаше проблем бидејќи имаме тим што се грижи за вакви случаи, таа беше презадоволна.
- Но побара и леб без соја. На бродот тоа беше речиси невозможно бидејќи брашното што го добиваме содржи траги од соја.
Можев едноставно да и кажам: „Жалам, не можеме”,и да продолжам понатаму.
Еден гостин е, што има врска нели?

- Но, јас не се откажав. Иако на крајот од светот и на пат кон Исланд, контактирав локални добавувачи во Рејкјавик. По неколку дена комуникација, најдовме леб без соја
- Можеби звучи како „мала работа“, но за таа гостинка тоа беше огромна гест.
Нејзината среќа, благодарноста, фидбекот што го остави и фактот што вети дека ќе се врати, е тоа е вистински успех.
Тоа е моќта на услугата
- И затоа, кога некој ќе побара „три ќебапчиња“ не е поентата во ќебапчињата.
Поентата е во ставот:
„Секако, госпоѓо, нема проблем”.
- Со тој одговор добивате повеќе од еден задоволен гостин, добивате лојалност, препорака, добра репутација.
Храната е срцето на угостителството.
Но, услугата?
Таа е душата и без неа вкусот исчезнува“.


С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com