Јелена Спенџарска ужива во родното Берово - баба ѝ ѝ направи зелник, на кафе со мајка ѝ
- Детали
- четврток, 28 август 2025
„Сценарио: Дома во двор, Берово, сонце пече ама таман, не премногу, јас и мама сме сами, пиеме кафе, од внатре иде песна, си муабетиме што ни треба да реновираме нешто кај баба дома и што ќе доручкуваме. Животот е убав“ - вели Јелена за посетата на домот во кој израснала.

Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска последниве години живее на релација Скопје - Солун и многу ретко оди во родното Берово, поради бројните обврски што ги има.
И летово таа беше на неколку патувања, и приватно, и преку работни ангажмани, но сепак најде неколку дена за семејството, да се види со саканите, да спие во својата детска соба, да испие кафе во дворот на куќата во која израснала.

Понесена од емоциите и убавото чувство што го има во родниот крај, таа преку Инстаграм Стори покажа дека баба ѝ Нада месела мини зелничиња за неа, покажа колку пораснале доматите во нивната градина, а подеднакво му се израдува и на утринското кафе испиено во дворот, но и на кафето испиено во град, во друштво на мајка ѝ.
„Сценарио: Дома во двор, Берово, сонце пече ама таман, не премногу, јас и мама сме сами, пиеме кафе, од внатре иде песна, си муабетиме што ни треба да реновираме нешто кај баба дома и што ќе доручкуваме. Животот е убав“ - напиша таа.

Но, Јелена се пофали и дека имаат неколку мали мачиња, кои мајка ѝ ги нашла случајно.
„Мама пред пола саат отиде да пегла во таа собата што ни е дома како за пеглање и таму е фул со алишта, плакари и кутии кои се исто полни со алишта (претежно зимски кои сега таму ги складираме).
Јас и тато сме доле, гледаме ТВ. Едно време, ја слушаме мама како нè вика да се качиме кај неа. Не знаеме што е работава, жената три пати викна - дојдете, па дојдете.
Одиме ние, кога во една кутија има што да видиме - четири бебиња.

Мачката ни се омачила (по стоти пат годинава во таа кутија под масата за пеглање).
Мама вика: „Си пеглам јас и слушам нешто звуци под масата“.
Мислела да не е некој глушец, а кога ја повлекла кутијата - четири нови члена во семејството.
Стари се сигурно два-три дена, ништо повеќе. Татко ми вика мачката чудно се однесувала пред некој ден и мјаукала цело време за да влезе дома, ама тој не ја пуштил.
Она, госпоѓата, си барала место да се омачи и си влегла преку единствениот отворен прозорец, си нашла скришно место и си се омачила“, додава Јелена.

Погледнете повеќе фотографии:




А. Ј. | Црнобело