Некултура во Скопје ЗОО: Деца се качуваат на ограда, маж се расправа со негувателот кој пробува да ги спречи (видео)

Војо Иванов, кој е еден од негувателите во Скопје ЗОО, сподели видео од инцидент во зоолошката. Додека им кажува на деца дека не треба да се качуваат на оградата, возрасен маж се расправа со него, па и му вели да се однесувал покултурно.

nekultura-vo-skopje-zoo-deca-se-kachuvaat-na-ograda-mazh-se-rasprava-so-neguvatelot-koj-probuva-da-gi-sprechi-01.jpg

Случка во Зоолошката градина во Скопје предизвика лавина реакции и критики за некултурата што владее кај нас.

Војо Иванов, кој е еден од негувателите во Скопје ЗОО, сподели видео на неговиот Фејсбук профил од инцидент што се случил во зоолошката.

На видеото се гледа како неколку деца стојат на оградата на едно од живеалиштата на животните – нешто што е забрането бидејќи е опасно како за децата, така и за животните.

Најпрво Војо ги снима децата оддалеку, а веднаш потоа им се приближува и им вели да се симнат од оградата.

Некои од децата го слушаат, но други остануваат на оградата, а притоа се слуша и глас на возрасен маж кој му вели „Добро де добро“ на негувателот.

nekultura-vo-skopje-zoo-deca-se-kachuvaat-na-ograda-mazh-se-rasprava-so-neguvatelot-koj-probuva-da-gi-sprechi-02.jpg

Војо му вели на мажот дека децата се на оградата, а тој, пак, му вели:

„Што има врска, па не се внатре“.

Негувателот истакнува дека децата треба да се долу, а не на оградата, по што мажот го советува „да се однесувал малку покултурно“.

„Јас култура, а вие сте на ограда“, му одговара Војо.

Пред самиот крај на видеото, се слуша и како мажот вели дека тоа било негово право.

Видеото, кое Војо го објави со опис „Ризик јак – недела со гостите“, доби многу коментари со критики кон несовесните родители.

nekultura-vo-skopje-zoo-deca-se-kachuvaat-na-ograda-mazh-se-rasprava-so-neguvatelot-koj-probuva-da-gi-sprechi-03.jpgфото: Фејсбук

Многумина истакнуваат дека стоењето на оградата е опасно и доколку некое дете падне во живеалиштето, вработените во зоолошката ќе бидат одговорни.

Други велат дека кога сме во институција, на јавен простор или каде било, а не кај нас дома, треба да ги почитуваме правилата.

Трети, пак, му дават комплименти на Војо за неговата смиреност и начинот на којшто се справи со ситуацијата.

Погледнете го видеото:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава