Весна Петрушевска ги шета 6-те миленици, Џокер позира со Антониа Гиговска и Барбара Поповиќ: Што прават нашите ѕвезди деновиве?
- Детали
- вторник, 09 септември 2025
Игор Џамбазов ѝ честиташе 60-ти роденден на сестра му Тања: „Имам сестра во таа пуста Америка. Половина живот сме разделени. Но, секогаш е тука кога треба. Сестра ко сестра. Откако си отидоа Анче и Ацо, таа ми е и мајка и татко, и другар и ортак, и лекар и банкар. Добредојде во клубот "60". И чувај се, оти само тебе те имам!“

Џокер во прегратка со сопругата Антониа Гиговска и колешката Барбара Поповиќ, Тамара Тодевска со саканиот Лука во Маврово, а Миро Кацаров позира со бремената сопруга.
Што прават македонските ѕвезди деновиве?
Дарко Илиевски со сестра му, откако го изгубија татко им
На 18-ти август Дарко сподели последен поздрав за татко му:
„Почивај во мир, татко мој. Ти беше мојот најголем пример за сила, чесност и борба. Секогаш ќе ја паметам твојата добрина и твојата жртва за нас. Засекогаш ќе ми недостасуваш“.
За сестра му напиша:
„Сестрата е најдобрата пријателка која ти ја подарува животот, а братот е штитот што стои пред тебе кога ти е најпотребнo.
Врската меѓу брат и сестра е жица што може да се растегнува до бескрај, но никогаш не може да се скине“.

Сопругата на Миро Кацаров блеска во бременоста


Сара Мејс и Димитар Атанасовски прославија 8 години брак
Џокер во прегратка со сопругата Антониа Гиговска и колешката Барбара Поповиќ

Игор Џaмбазов ѝ честиташе роденден на сестра му, која живее во САД
„Сите имаат по некој вујко од Америка.
Јас имам сестра во таа пуста Америка.
Половина живот сме разделени.
Таа е 10.000 километри далеку од мене, а јас сум на 6.500 милји од неа. Но секогаш тука кога треба. Сестра ко сестра. Се грижи и кога нема зошто. Откако си отидоа Анче и Ацо, таа ми е и мајка и татко, и другар и ортак, и лекар и банкар.
Среќен роденден, систер!
Добредојде во клубот "60".
И чувај се, оти само тебе те имам!“
