Роберт стега мускули со синот Киан, Антониа Гиговска си го најде тренерот на плажа за време на одморот (фото)
- Детали
- петок, 19 јуни 2026
Антониа Гиговска покажа кој е задолжен за нејзината фит форма, а Роберт, пак, дека синот е негова копија. Гордиот татко позира со синот стискајќи и покажувајќи мускули.

Антониа Гиговска, по промоцијата на својот втор албум „Жена“ и сите обврски околу тоа, е на заслужен одмор на море со нејзиниот сопруг Роберт и синот Киан.


Гиговска оттаму откри дека навива за Бразил, позирајќи со дрес и бикини во боите на бразилското знаме.

Таа се пофали и дека за време на одморот си го нашла тренерот и се сликаше со жената задолжена за нејзината одлична телесна форма.



И Роберт објави низа фотки, на кои позира со синот. На една од нив двајцата стегаат и покажуваат мускули.






С. С. | Црнобело