Драган Спасов Дац со фотка од детството за роденденот на мајка си: „Сите мајки се добри, но само една ме сака бескрајно“
- Детали
- четврток, 11 септември 2025
„Мојата мајка се вика Лидија и таа е најдобрата и најубавата мајка на светот. Јас сум нејзината среќа, нејзината љубов, нејзиниот најсакан син и секогаш кога ќе ме погледне нејзините очи зрачат со љубов...“, вели Драган Спасов Дац и споделува спомени од детството.

Драган Спасов Дац не штеди на зборови кога сака да ги искаже емоциите кон својата сопруга Весна, синовите и внуките Гаиа и Зои, но и кон неговата мајка за која е горд што ја има.

Па, така денес (11.09) по повод нејзиниот роденден тој објави заедничка фотографија од неговото детство и ѝ посвети емотивна објава.

Објавата гласи:
„Денеска и е роденден на мојата мајка. Но оваа мајка не е како другите мајки, ова мајка решила да ме роди баш мене и да стане моја мајка.
Мојата мајка се вика Лидија и таа е најдобрата и најубавата мајка на светот. Јас сум нејзината среќа, нејзината љубов, нејзиниот најсакан син и секогаш кога ќе ме погледне нејзините очи зрачат со љубов.
Можам да ја препознаам по мирисот и по топлината на нејзината рака, по насмевката и по добрината во гласот. Е баш таа мајка е мојата мајка која решила да ме одгледа оваков каков што сум.
Сите мајки на светот се добри, но само една ме сака бескрајно.
Среќен роденден мајко моја!
(Посветено на сите мајки, посебно на мојата)“



С. С. | Црнобело