МНТ со „Бог на колежот“ на „Денови на комедија“ во Куманово, Весна Петрушевска добитник на признанието „Лауреат“

На 26 септември, на сцената во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово, како дел од 28. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, ќе биде одиграна копродукциската претстава на МНТ „Бог на колежот“.

mnt-so-bog-na-kolezhot-na-denovi-na-komedija-vo-kumanovo-vesna-petrushevska-dobitnik-na-priznanieto-laureat-01.jpg

Претставата е работена според мотивите на славната драма „God of Carnage“ од Јасмина Реза, во адаптација и режија на Весна Петрушевска. На сцената ќе настапат актерите Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Благој Веселинов, Наталија Теодосиева и децата од актерската школа на Петрушевска.

Иако минималистичка, „Бог на колежот“ нуди длабока критика на лицемерието, лажниот морал и распадот на семејните и општествените вредности. Преку судирот меѓу двe брачни двојки – навидум култивирани и учтиви – се разоткриваат човековата ранливост, агресија и емоционална нестабилност. Сцената во станот е метафора на клаустрофобичниот современ живот, во кој фрустрациите и потиснатите чувства експлодираат во апсурден колеж. Публиката, како тивок сведок, неретко се препознава во овие горчливи конфликти – токму затоа што се вистинити.

mnt-so-bog-na-kolezhot-na-denovi-na-komedija-vo-kumanovo-vesna-petrushevska-dobitnik-na-priznanieto-laureat-02.jpg

Престижното признание „Лауреат“ годинава фестивалот ѝ го додели на искусната актерка Весна Петрушевска, како благодарност за нејзиниот исклучителен придонес кон македонскиот театар, особено во областа на комедијата.

Со уникатна сценска енергија, актерска прецизност и вродено чувство за хумор, Петрушевска е една од најпрепознатливите фигури на современата македонска театарска сцена. Нејзиниот талент се согледува во улоги што остануваат запаметени – не само по смеата што ја предизвикуваат туку и по слоевитоста, длабочината и општествената критика што ја носат.

mnt-so-bog-na-kolezhot-na-denovi-na-komedija-vo-kumanovo-vesna-petrushevska-dobitnik-na-priznanieto-laureat-03.jpg

Комедијата, во нејзините изведби, не е само форма на забава туку и алатка за размислување и за емпатија. Со доделувањето на ова признание, фестивалот ѝ оддава заслужена почит за нејзината посветеност и силното влијание врз развојот на театарската уметност во Македонија.

mnt-so-bog-na-kolezhot-na-denovi-na-komedija-vo-kumanovo-vesna-petrushevska-dobitnik-na-priznanieto-laureat-04.jpg

Фестивалот „Денови на комедија“ официјално започна на 24 септември и ќе трае до 10 октомври. Публиката ќе има можност да проследи вкупно единаесет претстави, помеѓу кои и продукцијата на МНТ.

Би можело да ве интересира:

„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...
Мнт со нов театарски бран: Внимателно курирана програма со премиери, меѓународни гостувања и отворен... На денешната прес-конференција, Македонскиот народен театар ја претстави годишна...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Тамара ја изгуби косата во пожарот во Кочани: „Кога се вратив од болница изгледот ми беше променет, ... Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...

Најчитани неделава