Моника Коцарева за CRNOBELO: „Беше надреално да гледам како колекцијата која живееше во мојата глава, оживеа под париските светла“
Неколкумесечната работа кулминираше во еден прекрасен, петнаесетминутен спектакл.
Од мојата гледна точка зад сцената, единствен фокус беше на секој изглед, на секој чекор и на тоа да се осигурам дека приказната што дојдовме да ја раскажеме е раскажана совршено.


Постоеше преголемо чувство на гордост и извонредна енергија од сите вклучени.
Додека гледав како колекцијата, која толку долго живееше во мојата глава, конечно се движи со живот под париските светла, беше неверојатно, речиси надреално.


Во колекцијата која е за пролет/лето 2026, го истражувавме 19 век, а суштината на колекцијата е наратив за париската уметност.
Овој пат користев во палета од пригушени тонови и остри, архитектонски силуети, везани детали и уникатни аксесоари.


И на крај сакам да изразам голема благодарност на мојот неверојатен тим, чија посветеност ја оживеа оваа визија, а на моите соработници и публиката во Париз, им благодарам што ни се придружија во оваа прослава на креативноста.
Оваа колекција е изјава за стремежот да се успее во светски рамки и визија за иднината на Ателје Коцарева“.


Прочитајте и Нашата Моника Коцарева одржа ревија на Модната недела во Париз - Аристократски хотел, модно усогласена со ќерката
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело